Дигитализирана верзија на второто издание на книгата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, илустрирана од Душан Петричиќ и објавена како заеднички производ на ООЗТ Редакција „Детска Радост“, ИРО „Мисла“, ИРО „Наша книга“, Книгоиздателство „Македонска книга“ и ООЗТ Печатница при НИПРО „Нова Македонија“, во 1986 година, во Скопје, Социјалистичка Република Македонија.
Користени алатки:
- Jekyll
- Bundler
- Bootstrap
- gulp.js
- Node.js
- npm
Инсталирајте Node.js и npm на вообичаениот начин за вашиот оперативен систем.
Инсталирајте го Jekyll според упатството на https://jekyllrb.com/docs/installation/.
Извршете npm install
веднаш по клонирањето на складиштето за да ги снимите сите потребни помошни компоненти, пред да можете да го стартувате Jekyll.
Извршете npx gulp
за повикување на локалната верзија на gulp.js и задачите дефинирани во gulpfile.js
.
Стартувајте го Jekyll со командата bundle exec jekyll serve --incremental
или jekyll serve --incremental
доколку не користите Bundler.
Презентацијата претставува т.н. прогресивна веб-апликација, така што лесно може да се инсталира како мобилна апликација на телефони, таблети и останати уреди што користат iOS или Android.
Најавната шпица на „Бушава азбука“ е компресирана со ffmpeg
во видео форматите H264
и Webm
со следните команди:
ffmpeg -i bushava-azbuka-najavna-shpica-izvor.mp4 -crf 30 -b:a 96k -c:a libvorbis -ar 32000 bushava-azbuka-najavna-shpica.mp4
ffmpeg -i bushava-azbuka-najavna-shpica-izvor.mp4 -c:v libvpx-vp9 -crf 50 -b:a 96k -c:a libvorbis -ar 32000 bushava-azbuka-najavna-shpica.webm
Доколку забележите нешто скршено или некаков проблем, ве молам пријавете преку https://github.com/gocemitevski/bushava-azbuka/issues.
Дигитализираната верзија на „Бушава азбука“, со исклучок на содржината на самата книга, е достапна преку лиценцата „Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International“. Може слободно да се користи според правилата што произлегуваат од таа лиценца.